Изложбата ја организираат Македонски Телеком  и Т-Мобиле Македонија, а целта е да го доближи џезот до пошироката публика преку интерактивен и мултимедијален пристап токму во период кога се одржува и култниот „Скопски Џез фестивал“.

Изложбата ќе им понуди на посетителите запознавање со основите на џезот, со неговите почетоци и основоположници – правејќи го џезот подостапен за сите, со помош на технологијата.

- Изложбата ќе биде одлична можност за сите кои што би сакале да се запознаат со музиката која го одбележа 20-тиот век и со нејзините најпознати претставници како Луис Армстронг, Дјук Елингтон, Дизи Гилеспи, Мајлс Дејвис, Чик Кореа и уште многу други оригинални личности и музички гении, велат организаторите.

Освен основни информации за запознавање со џезот, изложбата ќе се осврне и на интересните факти и анегдоти поврзани со овие луѓе, нивните гледишта и нивниот стил на живот. /МИА

Датум на објава: вторник, 07 октомври 2014 во 17:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар