Акцијата била спроведена синоќа околу 21 часот, во пограничното планинско подрачје на илегална патека што од албанска територија води кон територијата на Република Македонија и излегува на регионалниот пат Свети Наум - Охрид.

Граничните полициски службеници пронашле девет пакувања марихуана завиткани во црна најлонска кеса, додека во текот на денешниот ден во оставена автомобилска гума биле пронајдени уште седум пакувања од дрогата.

Одземената марихуана ќе биде доставена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Охридската регионална граничната полиција презема мерки за утврдување на идентитетот на две лица најверојатно албански државјани кои синоќа ја пренесувале марихуаната. /МИА/

Датум на објава: четврток, 26 септември 2013 во 12:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар