Брена прв пат проговори за својата болест. Таа открива дека имала силно воспаление на синусите и поради тоа дури и се сменил и гласот .

,,Успеав да одржам еден концерт сом воспалени синуси , но на вториот се онесвестив . Со хеликоптер ме однесоа во болницата во Нови Сад . Имав страшни болки и цело време бев под инфузија “ , раскажува Брена и вели дека не можела ниту очите да ги отвори и поради болките мислела дека има тумор во главата .

Брена оваа сторија  ја раскажува и во својот автобиографски документарен филм , но тој дел бил исечен .

За моменталната здравствена состојба вели дека има тромбоза , но дека се е под контрола. 

,, Тромбозата бара сосема различен начин на живот , на исхрана , што целосно ги сменив . Се бара умерена физичка активност , не смеете да бидете во прегреани простории ... а не е лошо ни да се пие алкохол “ , низ смеа раскажува пејачката .

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 22:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар