ФИТР со нов јавен повик за „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”

Од ФИРТ информираат дека вкупниот награден фонд на повикот изнесува 8 милиони евра.

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави новиот јавен повик „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации”, преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновативноста кај македонските компании. Рокот за аплицирање на јавниот повик „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации” е до 4 јуни 2024 година, до 14:00 часот. Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк.

Од ФИРТ информираат дека вкупниот награден фонд на повикот изнесува 8 милиони евра, а Фондот обезбедува финансиска поддршка во износ од 20 милиони денари, односно финансирање до 70 отсто или до 60 отсто од вкупниот буџет на проектот, во зависност од бројот на вработени и годишниот приохд остварен во последните две години. Времетраењето на проектите може да биде до 24 месеци.

Како што поосочуваат, повикот е наменет за компании кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па се до преткомерцијална фаза. Доколку предлог проектот се поднесува од страна на конзорциум, во тој случај предлог проектот го поднесува водечкиот апликант, а членови на конзорциумот можат да бидат претпријатија, високообразовни и научно-истражувачки установи од земјата и странство.

-Дополнително, со овој инструмент ги поттикнуваме компаниите да бараат дополнителни извори на финансирање, па така доколку за времетрањето на проектот а се до одобрување на завршниот извештај од страна на Фондот, корисникот достави доказ за привлечен инвеститот кој вложил износ кој изнесува најмалку 50 отсто од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на корисникот, во тој случај корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти, посочуваат од Фондот.

Од ФИТР велат дека активности кои ќе бидат одобрени за финансирање во рамките на повикот се за истражување и развој, тестирање, активности поврзани со заштита на интелектуалната сопственост, дизајн, развој на пилот линии, активности поврзани со обезбедување квалитет и активности за маркетинг и продажба.

-Како главни критериуми според кои ќе се оценуваат предлог проектите се: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и влијание на проектот. Поцесот на евалуација на предлог проектите ќе се одвива во две фази: фаза на претселекција која се спроведува од страна на три домашни стручни лица по проект, две стручни лица од областите што соодветствуваат со критериуммите за евалуација и едно лице од областа што соодветсвува на предлог проектот. Во втората фаза, односно фазата на селекција се спроведува од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, кои ја носат и финалната одлука за финансирање на проектите, соопштуваат од ФИТР.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

притисни ентер