Карневалските свеченост почнуваат на 16 февруари со отворање на традиционалната изложба на детски маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Изложбата на која ќе бидат претставени оригиналните идеи - маски на учениците од прилепските основни и средни училишта ќе ја отвори градоначалникот Илија Јованоски.

Детскиот карневал за учесници до 14 години ќе се одржи на 17 февруари, на кој со своите креации, поединечни и групни маски во центарот на граод ќе дефилираат учениците.

Главната манифестација ќе се одржи на Прочка, на 18 февруари, кога ќе дефилираат маските од земјава и странство.

Според Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“, кој со локалната самоуправа е соорганизатор на карневалот, на настанот ќе продефилираат над 1000 учесници и гости од земјава и од странство.

Досега се пријавени групи од Македонија и од соседните држави: од Будва во Црна Гора, Бања Ковиљача, Врњачка Бања, Лесковац, Белград, Бол, Шабац, Бела Црква во Србија, од Корча во Албанија, од Перник во Бугарија, а се очекуваат учесници и од Италија, Словенија, Украина. Од Македонија се најавени гости од Мокриево, Куратица, Бегниште, Кавадарци, Ратево, Струмица, Радовиш. /МИА

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 13:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар