,,Deepfake” порно видеата во кои анонимните актери добиваат ликови на познати личности , како пејачи , политичари , филмски ѕвезди и други лажни протагонисти , од денеска се забранети . Најчесто оваа метода на монтажа на порно видеата се користи за женски познати личности .
Но , сепак , освен за порно видеа монтирањето ликови се емитува и преку видео клипови од познати филмови .

Така , претседателот на САД , Доналд Трамп во еден од таквите клипови ,,ја игра”  улогата на Биф Тенан во дел од филмот ,, Враќање во иднината “ .

Ваквите видео клипови се особено популарни и се промовираат на повеќе сајтови за возрасни . Само една платформа наречена  Reddit group има над 91 000 редовни претплатници на вакви видео клипови .

Забраната на сите вакви порно клипови е воведена откако било утврдено дека во некои од нив се користат ликови и на деца помали од 16 години .  

Датум на објава: среда, 07 февруари 2018 во 18:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар