Илјадниците посетители на шоуто на технологијата во Лас Вегас останаа во темнина , иако беа дојдени да ги видат најновите достигнувања во роботиката , домашните апарати и компјутерите. Наместо тоа , можеа да ги тестираат најновите батерии со чија помош излегоа од салите на огромниот Конгресен центар.
Организаторите на конференцијата на Твитер објавија дека станува збор за  "изолиран прекин на електричната енергија" на чие отстранување работеле.

Десетиците  новинари во темната просторија за прес-конференции известуваа преку сјајот на лаптопите што работат на батерија.

Снабдувачот со електрична енергија на регионот  , компанијата NV Energy, немаше  коментар за прекинот .

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 21:35
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 21:46

коментари

остави коментар