Модната куќа неодамна се најде на удар на критики поради фотографијата на кое се наоѓа афроамериканско дете, облечено во маица на која пишува “најкул мајмун во џунглата“.

Фотографијата го вознемири и канадскиот музичар Weeknd, кој го изрази своето незадоволство на својот твитер профил.

„Утрово се разбудив шокиран и посрамотен од оваа фотографија. Длабоко сум навреден, и нема веќе да соработувам со H&M, - напишал тој.



Фотографијата во меѓувреме е отстранета од сајтот на модниот бренд.

Компанијата исто така упати и јавно извинување.

Датум на објава: среда, 10 јануари 2018 во 12:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар