- Вечерва сакам да им се заблагодарам на сите жени, кои низ годините трпеле злоставување, затоа што како и мојата мајка, имале деца кои требало да ги нахранат, да платат сметки и да имаат сон. Тоа се жени, чии имиња нема никогаш да ги дознаеме. Предолго на жените не им се веруваше ако се охрабреа да зборуваат за силата на тие мажи. Нивното време сега истече, изјави Опра Винфри, актерка

Иницијативата беше покрената по минатогодишното обелоденување за сексуалното вознемирување што врз повеќе актерки го вршел познатиот продуцент Харви Вајнстин. Златните Глобуси се увертира на доделувањето на Оскарите, закажано за 4-ти март на кои како фаворит од синоќа се издвојува токму драмата „Три билборди пред Ебинг, Мисури“. За најдобар режисер беше прогласен Гиљермо Дел Торо, за најдобар актер Гери Олдман, а за најдобра актерка Френсис Мекдорманд.

Датум на објава: понеделник, 08 јануари 2018 во 13:07
Гоце Герасимовски
Обновено во: 10:12

коментари

остави коментар