Последниот албум и светската турнеја „ Formation" ја искачија Бијонсе на првата позиција на листата на најплатени светски пејачки за 2017 година.
Бијонсе според Форбс годинава заработила 105 милиони долари.



На втората позиција на листата на Форбс е британската пејачка Адел со заработка од 69 милиони долари, секако благодарејќи и на првата нејзина светска турнеја по 2011 година.



Минатогодишната шампионка Тејлор Свифт годинава е на третото место со заработени 44 милиони долари.

Поп дивата Селин Дион со заработени 42 милиони долари во 2017 година го зазема 4 место а веднаш по неа со заработка од 38 милиони долари е Џенифер Лопез .

Меѓу првите десет најплатени пејачки на листата на Форбс се и Доли Партон ( 37. Мил), Ријана (36мил.), Бритни Спирс (34мил), Кети Пери (33мил.) и Барбара Стејсенд со 30 милиони долари.

Датум на објава: понеделник, 08 јануари 2018 во 10:19
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:11

коментари

остави коментар