Судот нареди да бидат уапсени и поранешниот министер за надворешни работи Ектор Тимерман и други високи службеници.

Против Кирхнер се води и судски процес за „предавство“ поради договорот кој го потпишала со Техеран за осомничени нарачатели на нападот да бидат испрашани од аргентински претставници во Техеран.

За да и биде симнат имунитетот, треба да гласаат две третини од сенаторите. Таа беше избрана за сенатор во октомври, но ќе ја преземе функција на 10 декември.

Нападот врз Еврејскиот центар е најтешкиот во историјата на Аргентина со 85 жртви и стотици ранети.

Оттогаш никој не презел одговорност за него.

Израел и аргентинското судство го обвинуваат Иран.

Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 19:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар