Ќерката на Тото Риина во чест на татко и продава сувенири , кафе и маслинов зејтин со неговиот лик . Шефот на мафијата , кој беше инспирација за Дон Корлеоне и имаше надимак ,,Ѕверот “ почина минатиот месец на 87 годишна возраст во затвор , каде беше осуден на 26 доживотни казни .

Меѓу злостоствата по кои се памети Тото Риина е убиството на 13 годишно момче со давење , а потоа растопување на неговото тело во киселина.

Тоа не ја спречува ќерката на ,,Ѕверот “ , Мариа Риина заедно со нејзиниот сопруг да почнат со онлајн продажба на продукти со ликот на мафијашкиот бос.

Италијанските власти , откако реагираше јавноста , го блокираше сајтот на Риина.

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 22:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар