Како што изјави, тој ќе се бори за уште еден шестгодишен мандат.

Путин и претходно најави дека наскоро ќе донесе одлука, а рече дека при одлучувањето ќе го земе во предвид нивото на јавна поддршка кое го ужива.

Путин на собирот во Москва на кои учествуваа мноштво млади луѓе, ги запраша присутните дали ја подржуваат неговата кандидатура на изборите кои ќе се одржат во март, пренесува „Ројтерс“.

„Да!“ одговорија масовно присутните, и одговорот го пропратија со громогласен аплауз.

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 16:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар