Централно место има жената како столб на општеството. Застапена е  поезија за љубовта, самотијата, убавината, фантазијата и, секако, социјалните проблеми кои се присутни во секојдневниот живот, соопшти Културно-информативниот центар.

Дијана Тоска (Скопје, 1965) е магистер по дипломатија. Дипломирала на Тетовскиот универзитет англиски јазик и литература, а постдипломски студии завршила на  Факултетот за политички науки и јавна администрација на Универзитетот на ЈИЕ.

„Бисери на животот“ е нејзина втора книга поезија, по објавената  „Преплетен копнеж“ во 2014 година. Учествувала на повеќе поетски манифестации, а нејзинато творештво е објавено во Антологијата на модерната албанска поезија.

коментари

остави коментар