Pride Photo Award е меѓународен годишен фотографски конкурс со фокус на сексуалниот диверзитет и родовиот идентитет. Секоја година фотографи ширум светот ги споделуваат своите најкреативни, најпредизвикувачки и нестереотипни погледи на родот и сексуалноста. Меѓународно експертско жири ги селектира најдобрите дела по што се организира светска изложба. Изложбата веќе беше поставена во Амстердам, Болоња, Џакарта, Ханој и во Сан Франциско.

- Целта на  Pride Photo Award е да придонесе кон поправичен и инклузивен свет преку видливост на сексуалниот и родов диверзитет и создавање свесност за „другиот“.  Во време кога личните ставови се под силно влијание на визуелната информација, фотографијата нуди моќна и современа алатка за општествени промени. Сликите поседуваат уникатна моќ да едуцираат и информираат бидејќи ги надминуваат јазичните бариери и културните разлики, соопшти Холандската амбасада во Скопје.

Изложбата ќе може да се посети до 17 декември, а вечер ќе ја отвори холандскиот амбасадор во Македонија, Воутер Пломп. 

Датум на објава: вторник, 05 декември 2017 во 09:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар