Настанот се случил во градот Мерсин кога студентката по медицина Зелал Топчул одела на факултет со колешка.

На една од постојките во автобусот упаднале двајца мажи кои насила ја извлекле девојката и ја внеле во автомобил. По киднаперите се уште се трага.
Подоцна било утврдено дека се работи за членови од нејзино подалечно семејство, кое сакало Зелал да им стане снаа, но таа упорно одбивала.

Грабнувањето биле регистрирано од надзорните камери во автобусот. 
 

Датум на објава: понеделник, 04 декември 2017 во 12:52
Гоце Герасимовски
Обновено во: 08:34

коментари

остави коментар