Еден од некогашните холивудски миленици, оскаровецот Мел Гибсон, колегите од филмскиот свет веќе десет години го презираат поради неговите антисемитски изјави, а дека лутината не поминала покажуваат и низата негативни коментари на социјалните мрежи после неодамнешното гостување во емисијата на Нортон.



Актерот и режисерот во 2006 година е уапсен поради возење во алкохолизирана состојба, а транскриптот од неговиот разговор со полицајците открил антисемитски навреди кои Гибсон ги упатил, вклучувајќи го и неговото уверување дека „Евреите се виновни за сите војни во светот“.

Гибсон подоцна ја бранел изјава со фактот дека бил многу пијан и лут кога бил уапсен, и оти не знаел што зборува, како тоа дека полицајците нелегално го снимале, за што подоцна никој не одговарал.

Во емисијата гостувала и пејачката Кеша која ја промовира борбата против сексуалното насилство, што се покажа како уште еден проблематичен потег, со оглед на тоа дека актерот во минатото е обвинуван за злоставување на својата поранешна партнерка Оксана Григориева.

Гибсон во емисија е повикан по повод промоција на филмот „Daddy’s Home 2”.




Датум на објава: понеделник, 27 ноември 2017 во 09:38
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар