Во атмосфера на подигнати очекувања,в  понеделник или вторник продолжуваат разговорите околу разликите со Грција за уставното име, што се водат под покровителство на Обединетите нации.. Датумот го соопшти премиерот Заев од Словенија по средбата со неговиот колега Церар.
Заев вели дека ова ќе биде само прва од низата контакти во следниот период, кои како што рече, искрено верува дека ќе го доведат процесот до финално решение.
Средбата, според извори на Канал 5, најверојатно ќе се одржи во Брисел, иако се уште како опција не се исклучува и Женева, седиштето на ОН во Европа. Каде и да биде, потврдено е дека ќе биде во стандардниот формат – медијаторот плус преговарачите Наумоски од македонска и Василакис од грчка страна.. Повеќе детали Нимиц не соопштува.

За очекување е на оваа средба Нимиц да предложи нов сет идеи за решение, особено што таа доаѓа по неговата посета на регионов на почетокот на јули, кога од прва рака можеше да ги слушне позициите на новата влада во Скопје, како и позициите на владата во Атина. Според најавите од двете влади, по презентирањето на предлогот од Нимиц, би се отвориле сериозни преговори за сите аспекти на прашањето, а решението би нашло во првите 6 месеци од идната година, до Самитот на НАТО.

Она што е извесно е дека компромисот ќе се бара во сложено име со географска одредница. Разликите се каде да биде поставена одредницата и колкав да биде опсегот на употреба на името. Останатите прашања што произлегуваат од името се очекува да бидат договорени со меѓудржевн договор, по примерот со Бугарија.



Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 15:01
Гоце Михајлоски
Обновено во: 15:15

коментари

остави коментар