Целта на отворањето на ресторанот е да се надмине стигмата кон овие лица. На самиот влез јасно е наведено дека во него готват и служат лица кои имаат ХИВ – вирус . Вчера гостите во ресторанот за прв пат се уверија дека преку готвење храна , не се шири болеста .

Сите 14 вработени носат престилки на кои пишува ,,Бакни го ХИВ и готви “ . Ресторанот е отворен како реакција на анкетата која во Канада покажала дека половина од населението не би јадела никогаш ако знаат дека во ресторан има некој со СИДА.

Во новиот ресторан се примаат резервации за оброк со билети ,а секој чини по 98 долари . Првите 200 билети биле продадени за помалку од две недели .

Според податоците на Светската здравствена организација , информира дека од 80 – тите , од појавата на ХИВ, во целиот свет  биле инфицирани  70 милиони луѓе , а од нив умреле 35 милиони .

Датум на објава: среда, 08 ноември 2017 во 22:30
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:58

коментари

остави коментар