Кандидатот за градоначалник на Алијансата на Албанците за Струга и лидер на партијата Зијадин Села во неделата освои 13.157 гласови, додека за кандидатот на ДУИ Рамиз Мерко гласаа 13.945 граѓани.
Села во изјава за медиумите по завршувањето на гласањето рече дека не ги признава резултатите од гласањето и најави дека неговата партија ќе поднесе приговори за нерегуларности до Државната изборна комисија.
Рокот за поднесување приговори за постапката за гласање истече во 19 часот, додека рокот за поднесување на приговори за постапката на сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори истекува во 2 часот по полноќ.
ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив.
Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием./MИА

Датум на објава: вторник, 31 октомври 2017 во 20:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар