Се што постои како капацитет, ресурс и памет ќе биде ставено на располагање на граѓаните на Македонија, вклучително на граѓаните на Пробиштип. Владата има смисла од постоење само заради вас граѓаните, рече претседателот на СДСМ , Зоран Заев. 

- Најголемата болка и горчина е празнењето на Македонија од младите луѓе, нивното заминување. Мораме да направиме нешто за младите да ни останат овде во државата. Затоа, сите млади луѓе што се овде, да се разбереме, државата преку новата влада отвори веќе неколку механизми. Ја воведовме младинската гаранција.

Целта е секој млад човек што сака да оди на магистратура и докторат, државата директно ќе му помогне финансиски. Секој друг млад човек, кој што бара работа, а е невработен, завршил образование може да побара работа насекаде, било каде во приватниот сектор, а притоа газдата или директорот да не мора за првата година да му обезбеди плата. Државата обезбедува бруто плата за првата година, за секој млад човек да тргне на работа, рече Заев на митингот во Пробиштип. 


Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 21:24
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:15

коментари

остави коментар