Меланија Трамп јавно ја обвини Ивана дека го користи пропаднатиот брак со Американскиот претседател за да се промовира себеси . Таа реагираше на интервјуто на Ивана за телевизиската мрежа ABC , во кое таа раскажуваше детали од заедничкиот живот со Доналд Трамп .

Во интерјуто , себеси се нарекла прва дама на САД , и рекла дека го има приватниот број на претседателот во Белата Куќа , но дека не сака да му се јавува зашто , таму била Меланија. Ивана ја промовирала својата автобиографска книга  "Raising Trump" .

Ивана рече и дека е во одлични односи со претседателот Трамп и оти често се слушаат на телефон .

Преку својата портпаролка одговори Меланија која рече дека имна намера да ја користи својата титула ,,прва дама на САД “ за да им помага на децата , а не за промоција на нечија книга. 

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 14:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар