Детскиот филмски фестивал, што го организира Cinekid, ќе се одржи во текот на октомври во Амстердам и низ 35 градови во Холандија.
Филмот „Стела“ е продукт на повеќегодишното истражување и работа со деца. Тој е прв долгометражен игран филм на режисерот Стојан Вујичиќ. Сценарист е Ева Камчевска, една од помладите писатели од поновата македонска кинематографија, а продуцент Огнен Антов, кој зад себе има 15-годишно искуство во филмската и ТВ продукцијата со проекти наградувани и признаени како што се „Џган“, „Споменикот на Мајкл Џексон“, „Шивачките“ и други.
- Главните придобивки од влезот на филмот „Стела“ во Cinekid Script LAB, се состои во фактот што финалната верзија на сценариото ќе биде направена со поддршка на луѓе кои се едни од најголемите професионалци во својата област, воедно ќе овозможи сигурен влез на некој од реномираните А фестивали (најголем дел од проектите од Cinekid Script LAB биле дел од натпреварувачките селекции на Берлинале), како и наоѓање на потенцијален партнер од некоја од европските или скандинавски земји кои имаат долга традиција на филмови со детска содржина, велат од „Дрим фектори“.

Фестивалот во Холандија се фокусира на аспектите од медиумската индустрија коишто се наменети за помладата публика.Секоја година повеќе од 50.000 деца добиваат можност да видат преку 500 филмски продукции избрани од страна на фестивалот, долгометражни играни филмови, детски документарци, кратки филмови, анимации, телевизски серии, cross media проекти и интерактивни инсталации, како и да учествуваат на бројни работилници поврзани со детски содржини. Во текот на фестивалот се одржува и интернационалниот индустриски настан Cinekid for professionals. 

Датум на објава: понеделник, 11 септември 2017 во 13:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар