„Ние во целост ги разбираме законите на физиката кои се наоѓаат во позадината на секојдневниот живот“ – изјави Керол, додавајќи дека сето тоа што се случува во стварноста мора да биде во рамките на границите на возможното.Да постоеше живот после смртта, свеста би морала да биде одвоена од нашето физичко тело, што не е случај", тврди физичарот.

Свеста, на елементарно ниво, ја сочинуваат атоми и електрони кои го создаваат она што го нарекуваме ум.

„Законите на физиката не дозволуваат тие честички да функционираат на тој начин после човечката смрт“ – смета тој.

„Постои еден голем ,непремостлив проблем во врска со идејата дека постои некој вид на свест откако нашите тела ќе умрат и ќе се распаднат на атоми од кои се составени. Имено, ние во целост ги разбираме законите на физиката кои го одредуваат нашиот секојдневен живот и не постои ниту еден начин тие закони да дозволат “преживување“ на информациите складирани во нашите мозоци после смртта“ – напишал Керол за „Scientific American”.

Керол се повикува на квантната теорија за полињата според која, едноставно речено, секој вид на честичка создава сопствено поле.

На пример, сите фотони во вселената имаат свое поле, баш како и сите електрони и останати видови на честички.

Да постои живот после смртта, би можеле да го измериме.

Керол објаснува дека доколку животот на било кој начин продолжува после смртта, тестирањата на квантните полиња би откриле “духовни сили“ или “духовни честички“, а тоа не се случува.

„Ако навистина постојат само атоми и познатите сили, тогаш не постои начин човечката душа да ја преживее смртта“ – напишал Керол.


Датум на објава: четврток, 07 септември 2017 во 18:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар