Иако требаше да завршат пред повеќе од 90 минути, сепак денешните квалификации за пол-позицијата за Големата награда на Италија која ќе се вози на патеката во Монца се уште не се завршени.

Стартуваа навреме, а беа извозени само шест минути од првата квалификациска сесија, по која возачот на Хас, Роман Грожан излета на стартно-целната рамнина иако оствари трето најбрзо време. Тој двапати загуби контрола на болидот пред да удри во ѕидот.

Организаторот реши да ја прекина квалификациската сесија, но дождот и натаму ги прави тешки за возење условите на патеката во Монца, па засега продолжувањето на квалификациите е неизвесно.

Доколку времето не дозволи одржување на квалификациите денеска, тие ќе се возат утре пред стартот на 13-тата трката во годинашниот шампионат на Формула 1. 

Датум на објава: сабота, 02 септември 2017 во 17:46
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 20:07

коментари

остави коментар