Според некои информации на кои се однесува известувањето од Министерството, девојката пред два дена била донесена во Клиничкиот центар во Скопје и по кратка евалуација била пуштена дома, а попладнето починала од пукнато слепо црево и труење на крвта.

- До овој момент, ниту во Министерството за здравство, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ниту регистриран ваков случај или пациент. Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во Министерството, со цел средба со претставници од Министерството за здравство и ДСЗИ, се наведува во соопштението./МИА

коментари

остави коментар