Во случаите “Тврдина” и “Таргет”, кои СЈО ги спои во едно обвинение, обвинети се поранешниот директор на УБК, поранешниот началник на петтата управа и две лица вработени во управата.

Наспроти СЈО, обвинетите ја обжалија одлуката на кривичен за одземање на нивната патна исправа.

Адвокатите на еден од обвинетите истакнаа дека во постапката СЈО врши политички прогон.

Обвинителката Ленче Ристоска ги негираше ваквите наоди на одбраната.

Апелационите судии ја разгледаа и жалбата на СЈО по неопределениот притвор на еден од обвинетите во случајот Титаник 3, кој се однесува за уништување на изборен материјал.

Обвинителката Фетаи во судот истакна дека првостепениот суд  кога го носел решението за предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор ги измешал доказите со некој друг предмет.

Од СЈО истакнаа дека мерката притвор е неопходна затоа што обвинетиот може да влијае на сведоците, за кои одбраната тврди дека обвинетиот воопшто не ги познава.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат  дека мерките за обезбедување присуство кои ги побара СЈО за раководството на партијата се целосно неосновани.

Апелација во досега објавените одлуки не прифати ниту една од жалбите на странките.


Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 18:50
Михаела Димовска
Обновено во: 09:16

коментари

остави коментар