Холивудскиот заводник наводно е во врска со продуцентка Линдзи Шукус. Заљубената двојка е видена во Лондон. Бен и Линдзи по повеќе наврати се забележани на романтични вечери и прошетки  низ англиската метропола.

-Тие се на самиот почеток на врска која претставува  многу повеќе од летна романса, изјави за медиумите анонимен извор близок на актерот.

Инаку Бен Афлек и Џенифер Гарнер уште во март годинава поднеле барање за развод, откако се разделија уште во 2015 година . Тие инаку беа во брак цели 11 години и се родители на три деца. 

Датум на објава: сабота, 15 јули 2017 во 14:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар