„На претепаното момче здробена му е дланката, има отворена рана на коленото и во петок ќе биде опериран“, информирале за српски „Блиц“ од Војно медицинската академија во Белград.

Групата млади момчиња  од Нови Сад кои се сомничи дека го претепале  момчето се уапсени и утре се очекува да бидат изведени пред истражен судија на сослушување во Грција.

Според неофицијални информации тепачката се случила  во градот Нидра на Лефкада во раните утрински часови во вторник.

Наводно причина за тепачката била девојката на повреденото момче од Белград.  

Датум на објава: четврток, 13 јули 2017 во 17:56
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:58

коментари

остави коментар