Серена ги изненади своите фанови кога во април објави дека е бремена . Пред извесно време таа во Мајами направила и забава за бебето .

Среќниот татко е нејзиниот вереник , Алексис Оханиан , компјутерски претприемач , со кого Серена тајно се вери пред 15 месеци .

33- годишниот вереник на Серена е познат како коосновач на Редит , информативен  веб сајт . Сајтот е проценет на над 250 милиони долари и претставува еден од најзначајните сајтови во САД .

И покрај бременоста Серена тренира и на своите фанови им одговори дека следната година се враќа на терените.

Датум на објава: среда, 12 јули 2017 во 12:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар