Мирниот и масовен протест во центарот на Атина, повторно го оцрни група млади лица, веројатно припадници на анархистички групи, кои се издвоија од масата народ и удрија по специјалците.





Молотовите коктели не изостанаа и од овој протест, а инцидентите се случија пред споменикот на Незнајниот војник точно пред влезот на грчкиот парламент. Од молотовите коктели нанесена е штета на куќарките на војниците- Евзони од претседателската стража кои се пред парламентот.





И покрај инцидентите, граѓаните организирани од најголемите грчки синдикатите, не си заминаа од просторот пред парламентот и останаа да упатат порака до владата дека не се согласуваат со новиот пакет мерки,за кои во тек е расправата во парламентот со говори на грчкиот премиер и лидерите на политичките партии. На полноќ, пак ќе биде и гласањето. Проценките се дека попладнево, на протест во Атина излегоа околу 15 илјади Грци. 



Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 21:02
Сања Ристовска
Обновено во: 21:04

коментари

остави коментар