Петнаесет метри долгиот леш го забележал 37 годишниот Арсул Туанакота, кој поминувал низ мрак и во почетокот помислил дека пред него се наоѓа брод.

Причината за смртта и вистинското потекло на ова огромно суштество, се уште не се познати.

По степенот на распаѓање, биолозите утврдиле дека до неговата смрт дошло најмалку пред три дена, пред да се насука на брегот.

Се смета дека станува збор за џиноска лигна, но поединци сметаат дека станува збор за сосема нов вид. Додека, менаџментот за морски ресурси во Индонезија, смета дека станува збор за кит.

Лабораториските тестови ќе утврдат за каков вид станува збор.

Датум на објава: сабота, 13 мај 2017 во 12:25
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 00:03

коментари

остави коментар