Мадридското полуфинале против големиот градски ривал Атлетико, кралскиот клуб го доби со вкупен резулта од 4-2.Вечерва пирова победа на Атлетико на преполниот Винсенте Калдерон во Мадрид од 2-1, убедливите 3-0 на Реал од Сантијаго Бернабеу беа недостижни за борбениот тим на Симеоне.

Почетокот на полуфиналниот реваш најави можност за сензација , Атлетико поведе со 2-0 по само 16 минути со головите на Нуњез и Гризман.Но, Иско во финишот на полувремето го намали водството на домаќините и ги постигна конечните Атлеико - Реал 2-1. 

На 3 јуни во Кардиф, Реал Мадрид против италијанскиот гигант Јувентус ќе го брани трофејот и ќе се обиде да стигне до 12 пехар во Лигата на шампионите и да биде првиот тим во Европа која успеал две години во низа да ја освојува европската клупска титула.

Foto: Getty images

Датум на објава: среда, 10 мај 2017 во 22:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар