Учениците во ОУ „Кочо Рацин“ во Кратово од неодамна часовите по физичка култура ги одржуваат во нова спортска сала изградена во рамки на проектот на Министерството за образование и наука.

Салата чини околу 24 милиони денари, изградена е за околу една година и е од особена важност за овој град, бидејќи освен учениците од училиштето во слободните термини ќе може да ја користат и граѓаните.


Датум на објава: среда, 10 мај 2017 во 18:53
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 19:05

коментари

остави коментар