Презентацијата е по повод 30-годишната соработка меѓу Академскиот кино клуб од Скопје и Кино клубот Русе. Целокупното времетраење на проекцијата е околу 2 часа. Ќе бидат прикажани 15 филмови меѓу кои „Браво брависимо“, „Кранот којшто“,  „Да се научиш“, „Кутија“, „Парада“, „Две слики на тема вода“, „Страст“, „Контакт 7“...

Триесетгодишната соработка е плод на долгогодишното пријателство на двата кино клуба, меѓусебната соработка на полето на филмот и макотрпната работа на филмските ентузијасти од Македонија и Бугарија. На кино проекцијата ќе бидат присутни Владимир Илиев, претседател на Националната филмска организација „Алтернативно кино“ од Бугарија и Станимир Трифонов, филмски режисер и професор по филмска режија во Бугарија. 

Датум на објава: сабота, 25 март 2017 во 10:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар