16 годишната Алба од Барселона како дете била цел на потсмев. Ја нарекувале чудовиште и куче - далматинец. На помала возраст поминала низ неколку операции кои оставиле сериозни лузни на нејзиното тело.

Минатата година Алба решила да се спротивстави и да покаже дека го прифаќа својот изглед каков што е. Почнала да објавува фотографии на Твитер и Инстаграм за да ги мотивира луѓето да го прифатат својот изглед, а реакциите биле повеќе од позитивни. Со таквиот став, си ги отворила сите врати!

Девојката неодамна излезе на насловна на локален магазин и се повеќе ја бараат да позира како манекенка.

Image result for alba parejo

Алба е родена со ретка болест на кожата. Уште како дете бројот на дамките на нејзиното тело бил голем.


bullied-student-congenital-melanocytic-nevus-model-alba-parejo-14

Поминала низ повеќе од 30 операции кои оставиле длабоки лузни на нејзините нозе.

bullied-student-congenital-melanocytic-nevus-model-alba-parejo-5

Но кога ја раскажала својата приказна без да крие што било, добила огромна поддршка да се пријави на натпревар за насловна страна на каталог на трговски центар - и победила. Од тој момент, животот и се променил. Таа постојано добива понуди за работа од успешните во модната бранша, а еден од нив ја нарекол „бисерот кој недостигаше во модата“ - пишува Хафингтон пост.


bullied-student-congenital-melanocytic-nevus-model-alba-parejo-8

- Се чувствувам позитивно во врска со моето тело и сакам да ги запознаам сите со мојата болест, за да им помогнам на други -  пишува Алба на социјалните мрежи.

Пишува под хаштаг „носи го својот знак од раѓање“ (#bareyourbirthmark) и се бори со навредите кои особено тешко паѓаат во нејзината возраст. Алба успеа во таа борба , и порачува:

- Никој не треба да се крие поради својот изглед.Сакам луѓето конечно да сфатат дека сите сме различни и ничие тело не е совршено - вели тинејџерката.

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 10:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар