По овој повод ќе биде промовирано новото издание на романот „Црно семе“, според кој е снимен антологискиот игран филм во режија на Кирил Ценевски. За животот и делото на писателот ќе говори поетот и литературен критичар Раде Силјан.

- Академик Ташко Георгиевски е предводник на групата македонски писатели кои континуирано и егзалтирано пишуваат за траумите од Граѓанската војна во Грција и за делбите и прогонствата на Македонците од своите родни огништа, соопшти „Матица“.

Ташко Георгиевски е автор на романите: Луѓе и волци, Ѕидови, Црно семе, Змиски ветар, Црвениот коњ, Време на молчење, Рамна земја, Исчезнување, Црна билка, Кајмакчалан, Плочата на животот (автобиографски записи) како и на збирките раскази: Ние зад насипот, Суви ветрови и Куќа под калето.

Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, а застапен е во антологиите на македонскиот расказ и роман, објавени во Република Македонија и во странство. Негови дела се преведени на повеќе  јазици. 

Датум на објава: среда, 15 март 2017 во 12:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар