Се работи за фотографии направени за време на снимањето на филмот „The Misfits“. Тие биле во сопственост на пријателката на Мерлин Фрида Хол. Се тврди дека фотогрaфиите се доказ за бременоста на Мерлин Монро, која додека била во брак со Артур Милер, забременила од францускиот актер Ив Монтан! Ова е тајната на холивудската дива која таа не ја откри никогаш, а излегува на виделина 55 години по нејзината смрт!

Ова е една од тие фотографии.


Photo shows Marilyn Monroe with prominent bump

Но, набргу по фотографирањето, Мерлин завршила во болница каде останала 10 дена, колку што отсуствувала од снимањето на филмот. Го загубила бебето.

Оваа и другите фотогрaфии од тоа време беа продадени во ноември, на аукција во Холивуд, за околу 3 000 долари.


Six photos of legendary film icon Marilyn Monroe taken by her friend Frieda Hull on July 8, 1960, outside Fox Studios in New York


Фотогрaфиите на аукција ги дал Тони Мичелс, близок пријател на пријателката на Мерлин, Фрида Хол, која почина во 2014 година.


Тој вели дека Фрида категорично тврдела дека Мерлин тогаш била бремена со Ив Монтан.

- Таа ми ја кажа приказната зад овие фотографии - дека Мерлин била бремена од Ив Монтан. Тоа не беше претпоставка туку  нешто во што беше сигурна. А дали навистина Мерлин била бремена - се гледа од фотографиите - вели Мичелс.



 Marilyn and sexy French actor Yves Montand didn't contain their lovemaking to onscreen





Според досега објавените податоци за нејзиниот личен живот, Мерлин Монро имала три абортуси и боледувала од ендометриоза.

Оние кои ја познавале велат дека сакала да има дете, повеќе од се.

Го загуби животот во 1962 година, на 36 години, но остана една од најголемите холивудски легенди за која се зборува и денеска, пет ипол децении по нејзината смрт.

/ извор: dailystar.co.uk

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 17:09
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:31

коментари

остави коментар