Денеска на пладне измерени 5,8 степени Целзиусови. На места деновиве се смрзна и дел од брегот на езерото. 

Години наназад не се памети пониска температура на водата.

Црвен крст со апел до стотиците  капачи, кои традиционално на Водици ќе пливаат по светиот крст. Внимателно пред  влегување во вода  задолжително  да направат превентивен  здравствен преглед.

- Не памтам години наназад да сме имале толку ниска температура,  била над 6 или 7,5 степени Оваа година е најниска  и со оглед на временските услови односно  температурата  на воздухот,  која навистина е многу ниска не очекувам дека ќе има загревање. Што значи токму за празникот Богојавление Водици треба посебно внимание, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст.

Охрид се подготвува за најголемата црковно народна манифестација во земјава. И годинава се очекува масовна посетеност за празникот Водици. Светиот крст ќе се фрла на градското пристаниште во 10 часот.

-Како и секоја година во сите парохиски цркви  ќе се богослужи утрена богосслужба и божествена литургија. Утрените  богослужби почнуваат во 7 часот а литургијата во 8 30 потоа од сите парохиски цркви масовно верниците со свештениците се упатуваат на градското пристаниште ќе се осветат водите на Охридското езеро а потоа ќе се положи и чесниот крст, вели Илија Ристески претставник од Дебарско кичевската епархија.

И годинава како и лани нема кум за празникот Водици. Организацијата е во рацете на локалната самоуправа и црквата. Последен кум  на празникот во 2015  година  беше балканската ѕвезда Желјко Јоксимовиќ.


Датум на објава: вторник, 10 јануари 2017 во 13:36
Соња Рилковска
Обновено во: 15:07

коментари

остави коментар