Очигледно актерката одлучила да покаже дека е великодушна и покрај сите недоразбирања кои ги имала со проблематичниот Чарли, одлучи да ги сподели празниците со него.

Од кадарот се гледа дека Денис го поканила актерот поради среќата на нивните ќерки Сем и Лола.

45-годишната Ричардс напиша под кадарот: „Ние доживеавме една навистина колоритна година, но на нејзиниот крај си остануваме семејство.”

Нема сомнение дека поранешните сопружници се надеваат дека 2017-та ќе биде поубава од 2016-та, во која 51-годишниот Чарли мораше да ги намали трошоците на Денис по судски пат поради финансиски проблеми, поврзани со неговиот третман на ХИВ.

Датум на објава: четврток, 05 јануари 2017 во 12:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар