Пет полицајци се убиени, а уште 7 се ранети  од кои двајца се во критична состојба. Меѓу ранетите е и една жена која не е полицајка.  Снајперисти пукале од  повисоки места од зградите.  Еден од нив се самоуби откако беше опколен од полицијата.Пред да се самоубие, тој им порачал на полицајците дека крајот се ближи и дека во гаражата во која се криел има поставено експлозивни направи, но екипите за антитероризам не пронашле ништо сомнително. Приведени се три лица меѓу нив и една жена , а полицијата не знае кои биле мотивите за нападот – не е јасно ниту по колку лица се трага. Снимките од Далас се вознемирувачки – луѓето трчаат испаничено додека полицијата се обидува да идентификува од каде доаѓаат истрелите.

- Се оствари нашиот најстрашен кошмар. Ова се тешки моменти за Далас – изјави Мајк Роулинг градоначалник на Тексас.

- Слушнав околу триесет истрели . Луѓето врескаа  и трчаа на сите страни изјавила Клариса Мајлс за СНН

Претседателот на Америка Барак Обама кој е во Варшава на самитот на НАТО го осуди нападот нарекувајќи го пресметан и одвратен.

„Не постои оправдување за ова насилство врз полицајците. рече Обама, говорејќи од самитот на НАТО во Полска, кој што присуствува. "Сите кои се вклучени во овие бесмислени убиства ќе одговараат. Правдата ќе биде задоволена“.

Повод за протестите во Далас и други градови во САД беше смртта на двајца Афроамериканци во рок од само 48 часа, застрелани од полицајци во текот на две акции.

Во својата прва јавна реакција на овие случаи, Обама изјави дека е јасно дека тоа не се изолирани инциденти, додавајќи дека сад премногу пати виделе вакви трагедии. Тој додаде дека го дели чувството на „лутина, фрустрација и жалост“, кои овие убиства ги предизвикаа ширум земјата.


Датум на објава: петок, 08 јули 2016 во 13:55
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 20:37

коментари

остави коментар