Столтенберг му вети на Киев дополнителни системи за противвоздушна одбрана

Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да го обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.

Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, кои со месеци беа блокирани од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.

Тој денеска им рече на членките на НАТО дека на Украина ѝ се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.

Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.

„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земја, а нашето небо мора повторно да стане безбедно... И тоа целосно зависи од вашиот избор... од изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.

Столтенберг не навлезе во детали за тоа колку нови системи за противвоздушна одбрана ќе добие Украина, но рече дека очекува нови најави во наредните денови.

„Помошта е на пат. И очекувам да се објави поголема помош и поддршка во многу блиска иднина“, им рече тој на новинарите.

Минатата недела Германија се обврза да испорача трет систем Патриот од своите воени резерви во Киев.

Соединетите Американски Држави имаат најголем број на Patriot системи во својот инвентар. Во Европа, земји како Шпанија и Грција поседуваат системи за воздушна одбрана Патриот.

Хејнс: Војната во Украина нема наскоро да заврши

Директорката на американската Национална разузнавачка служба, Аврил Хејнс денеска оцени дека војната во Украина нема наскоро да заврши, а развојот на ситуацијата на домашен и меѓународен план оди во корист на рускиот претседател Владимир Путин.

Хејнс пред Комитетот за вооружени сили при Сенатот изјави дека Русија ги интензивирала нападите врз украинската инфраструктура за да ја намали способноста на Киев да распоредува војници и оружје, да го забави военото производство и да ја принуди Украина да ги разгледа преговорите.

„Сè поагресивните тактики на Путин против Украина, како што се ударите врз енергетската инфраструктура на Украина, имаат за цел да создадат впечаток во Украина дека продолжувањето на борбите само ќе ја зголеми штетата на Украина и нема да понуди пат до победата“, рече Хејнс. /МИА

Челси сака да го врати менаџерот кој му ја донесе последната титула во Премиер лигата

Фудбалскиот клуб Челси наводно испратил исклучително примамлива понуда до Антонио Конте со надеж дека ќе го убеди да се врати на „Стемфорд Бриџ“ за да го замени Маурисио Покетино, пренесуваат италијанските медиуми.

„Сините“ се во исклучително тешка позиција. Тие го заземаат деветтото место и немаат шанси да фатат чекор за учество во Лигата на шампионите. Единствено што можат да обезбедат до крајот на сезоната е евентуално учество во Конференциската лига. Затоа менаџментот размислува за раскинување на соработката со Аргентинецот.

Една од целите на Челси беше Тиаго Мота, кој сезонава бележи фантастични резултати со Болоња. Сепак, се верува дека Италијанецот е многу поблиску до останување во Италија и клупата на Јувентус отколку до заминување во Премиер лигата.

„Ла Република“ објави дека лондонскиот клуб е сериозно заинтересиран за враќање на Конте. Италијанецот им ја донесе последната титула во Премиер лигата на „сините“ и управата верува дека би можел да го повтори тој успех.

Сепак, Конте е желба и на Милан и Наполи. Искусниот стратег е без работа во март 2023 година кога ја напушти клупата на Тотенхем. Во моментот на неговото заминување, „мамузите“ беа елиминирани од ФА Купот и Лигата на шампионите, додека беа на четвртата позиција во англискиот шампионат. /МИА

Пешевска: На 8 Мај ќе се случи потоп

 „Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите“

Македонските граѓани покажаа дека Гордана победи во 60 општини, од кои во 17 се градоначалници од актуелната власт, Актуелниот претседател победи само во 3 општини во првиот круг. Тоа е јасен показател дека на 8 Мај ќе се случи потоп. Во државата опозиционерското движење е масовно. Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите, каде бевте изминатите три години да го предложите? Ние треба да работиме на подобрување на БДП и реална анализа во кои сектори треба да се покачат платите, колку индустриски сектори се затворија поради нереалните политики. Фокусирани сме на квантумот на гласови, добро ни оди на терен низ цела држава, по изборите ќе се преговара со програмски усогласените партии со нас партии, рече Жаклина Пешевска во Само Вистина.

притисни ентер