Шпанскиот гигант со две победи над Манчестер Сити се пласираше меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите. Синоќа на осминафиналниот реванш на Ноу Камп  Барселона го доби Сити со 2-1 и со вкупни 4-1 отпатува во четврт-финалето, Меси го постигна првиот гол за Каталонците , израмни Компани ,за во финишот на мечот Дани Алвеш да го обезбеди триумфот над Барса.

„Неодамна загубивме непланирано две средби во Примера дивизионот, игравме многу слабо, но против Сити навивачите конечно можеа да ја видат вистинската Барселона. Најзначајно е што се пласиравме во четврт-финалето . Иако примивме гол, мислам дека во секој миг го контролиравме мечот“, изјави Лионел Меси.

Барселона неочекувано по последните неколку месеци имаше неколку  лоши резултати, во последните десет средби во Шпанија , Каталонците забележаа само пет победи.

-Често сме многу самокритични. Знаеме дека во претходниот период игравме под очекувањата на навивачите , но тоа не значи дека  титулата во Примера дивизионот е загубена, истакна Меси.

Барселона во моментов е на третата позиција во шпанскиот шампионат со четири бода помалку од лидерот Реал Мадрид.

Датум на објава: четврток, 13 март 2014 во 12:32
Крсте Галевски

коментари

остави коментар