Шпанските медиуми шпекулираат дека претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу веќе дал зелено светло за реализација на овој трансфер.

„Колку што сум запознаен, Баерн не добил никаква понуда за мене и тоа е се што може да ви кажам на ова тема. Гледам дека во медиумите многу се пишува за тој трансфер. Знам дека мојот менаџер во претходните години беше во контакт со неколку клубови , но тоа не значи дека секоја понуда е сериозна“ изјави Милер за „Билд“. 

Сезонава германскиот репрезентативец во дресот на Баерн одигра 34 средби и постигна 20 голови.

-Во моментов во наши раце се сите трофеи . Малку екипи можат да ни парираат, а сезонава сите сакаат да не победат, заклучи Милер кој има договор со Баерн Минхен до јуни во 2017 година.

Датум на објава: четврток, 27 февруари 2014 во 12:42
Крсте Галевски

коментари

остави коментар