- Иницијативниот одбор (ИО) е формиран по писмото и препораките на Агенцијата за млади и спорт во насока на свикување легално и легитимно вонредно собрание на ПФМ усогласено со позитивните законски прописи. Ги повикуваме сите пливачки клубови со решение за дејност спорт, пливачки работници, истакнати пливачи и добронамерни ентузијасти за пливачкиот спорт, да учествуваат на вонредното собрание, апелираат од одборот.

Иницијативата за одржување на легално собрание доаѓа по обвинувањата дека претседателот на Пливачката федерација на Македонија, Коцевски Александар, на 19 октомври 2017 година, свика и одржа  нелегитимно собрание на ПФМ, нарушувајќи го Статутот на ПФМ, Законот за здруженија и фондации и Законот за спорт, заради што истото не е регистрирано во Централниот регистар на Македонија.

Од ИО бараат ново раководство на ПФМ и поради, како што велат, низа неправилности, како што се неподнесување на редовен финансиски извештај и завршна сметка; блокирана сметка на ПФМ заради долг од 18.000.000 денари; нереализација на годишна програма на ПФМ; немање на организиран систем на натпревари - државни првенства; неусогласување на нормативни акти на ПФМ со позитивните законски прописи; целосно уништување на ватерполо спортот од лични интереси.

Според ИО сето тоа придонеле до рушење на угледот на Македонија во меѓународните институции. 

Датум на објава: среда, 07 февруари 2018 во 10:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар