Македонија ќе биде ослабена со неиграњето на Јелена Антиќ и Ивона Пејковска поради рехабилитација од повредите кои ги заработија кон крајот на минатата календарска година.
Во овој прозорец на располагање на Марјан Лазовски нема да биде ниту нашата натурализирана кошаркарка Криси Гивенс која ќе го искористи периодот за рехабилитација од стрес-фрактура.
Повик од Лазовски добија:
1. Анџелика Митрашиновиќ
2. Ана Тантуровска
3. Александра Стојановска
4. Нена Трајчевска
5. Софија Лазареска
6. Ивана Кметовска
7. Едина Муса
8. Јована Петрушевска
9. Цветанка Димова
10. Анамарија Шеќероска
11. Кристина Јаневска
12. Ивона Кожобашиовска
13. Матеа Николиќ
14. Ешли Парис
Првиот натпревар сениорките го играат на домашен терен, против Хрватска, на 10 февруари со почеток во 20:45. Вториот натпревар го играат на гостински терен против Италија./МИА

Датум на објава: петок, 02 февруари 2018 во 16:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар