Алонсо, кој има две титули шампион во формула 1 има за цел да настапува и на натпревари на издржливост со автомобили. Притоа тој сака да се изедначи со Греем Хил, кој во шеесетите години од минатиот век освои титула во Ф1, победи на трките во Индијанполис и на „24 часа Ле Ман“.

- Моја цел е да ја освојам „тројната круна“ во мотоспортот - победа на трката за Големата награда на Монако, Инди 500 и „24 часа Ле Ман“. Оваа година благодарение на Мекларен ќе имам можност да се натпреварувам за победа на Ле Ман. Тоа е голем предизвик, изјави Алонсо.

Според договорот што го има Алонсо ќе се натпреварува и на други трки на издржливост.

Трката „24 часа Ле Ман“ ќе се одржи на 16 и 17.јуни./МИА

Датум на објава: вторник, 30 јануари 2018 во 20:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар