Втората носителка на овој турнир, Возњацки во четвртфиналналната рунда беше подобра од Карла Суарез Наваро од Шпанија во три сета (2:1).

Првиот сет данската тенисерка го доби убедливо без загубен гем со 6-0. Во вториот сет, во кој се водеше голема борба подобра беше Наваро, понедувајќи во тај-брејкот со 7-6 (7-3). Сепак во решавачкиот трет сет, Возњацки одново ја превзеде иницијативата, па на Шпанката и препушти само два гема (6-2), за конечен триумф со 2:1 во сетови.

Таа за место во финалето ќе се бори со Белгијката, Елисе Мертенс која во два сета со 6-4 и 6-1 ја совлада и елиминира четвртата носителка Елина Свитолина од Украина.

Утре на програмата се преостанатите два меча од четвртфиналето во кои, првиот рекет на светот, Симона Халеп од Романија ќе игра против шестата носителка Каролина Плишкова од Чешка, додека шампионката на АО од пред две години Германката, Анџелик Кербер за противничка ќе ја има Американката, Медисон Кис./МИА

Датум на објава: вторник, 23 јануари 2018 во 20:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар