Како што е наведено, предниот дел на салата ќе биде блокиран од 15 часот, пет и пол часа пред почетокот на средбата, а покрај стандардната забрана за носење оружје и консумирање алкохол, посебен акцент се става на забрана на националистички и шовинистички пораки.

- Забрането е да се внесува и прикажува банери, знамиња или други предмети со текст или слика, лого или други симболи на кои се изразува или предизвикана преку омраза или насилство врз основа на расна, етничка, регионална или верска припадност. Исто така, пеење на песни со содржина која поттикнува омраза или насилство не е дозволена, се вели во соопштението. 

Датум на објава: среда, 10 јануари 2018 во 13:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар