Британецот, Хамилтон ја искористи пол-позицијата и во текот на целата трка, која се возеше на патеката во Монца, не го препушти првото место.

Зад Хамилтон трката ја заврши неговиот тимски колега Валтери Ботас, а место на пиедесталот имаше и за Себастијан Фетел од Ферари иако трката ја започна од осмата стартна позиција.

Со оваа победа, шеста сезонава, сега Хамилто го превзеде лидерското место во Генералниот пласман со 238 поени, три повеќе од Себастијан Фетел (235 поени).

По нив следуваат: Валтери Ботас со 197, Даниел Рикјардо 144 и Кими Раиконен 138 бодови.

Следна 14-та трка во Формула 1 шампионатот е закажана за 17 септември, а ќе се вози на патаката „Марина Беј“ за Големата награда на Сингапур. /МИА

Датум на објава: недела, 03 септември 2017 во 16:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар